Get Adobe Flash player

0800 48 000 Услужен бесплатен телефонски број

JКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги повикува граѓаните на Општина Прилеп да го користат телефонскиот број 080048000. Ви благодариме на соработката! ПРЕБАРАЈ

Popular

Членовите на Советот на Општина Прилеп денеска продолжија со работа по прекинатата 20-та седница, на чиј дневен ред се најдоа две предлог одлуки: давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за прочистување на отпадни води на ЈКП „Водовод и канализација“ за периодот 2018-2020 година, како и предлог одлуката за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ова јавно претпријатие, за периодот од 01.07.2018 до 30.09.2018 година.

Образложувајќи ја висината на предложената цена за пречистување на отпадните води, Емил Јанески директор на ЈКП „Водовод и канализација“, рече дека таа е за 25-30 отсто пониска од цените предложени од страна на Регулаторната комисија.

„Советот донесе одлука цената на услугата за пречистување на урбаните отпадни води да биде 17.35 денари за метар кубен, иако Регулаторна комисија пред неколку месеци имаше изготвено решение, просечната тарифа за 2019 година да биде 20.66, а за 2020 таа да изнесува 21.45 денари за метар кубен.


Во тек е процедурата за преземање на сопственоста на Пречистителната станица, прво од РМ на Општина Прилеп, а потоа советниците согласно четирипартитниот Договор потпишан во 2008 година, ќе донесат одлука управувањето и одржувањето со неа да го има ЈКП ‘Водовод и канализација’. Од моментот кога ќе биде донесена таквата одлука, од тогаш до граѓаните ќе се фактурира дополнителна услуга за пречистување на урбани отпадни води“, изјави Јанески.     

Советниците од општинскиот Совет го изгласаа и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ за периодот од 01.07.2018 до 30.09.2018 година.

Веќе во четврток, 15-ти ноември, Советот на Општина Прилеп ќе ја одржи новата 21.седница, на која на дневен ред ќе се најдат петнаесетина прашања