Get Adobe Flash player

0800 48 000 Услужен бесплатен телефонски број

JКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги повикува граѓаните на Општина Прилеп да го користат телефонскиот број 080048000. Ви благодариме на соработката! ПРЕБАРАЈ

Popular

Средношколци од пет држави: Полска, Португалија, Италија, Турција и Македонија, кои се дел од проектот „Нашите води, наша заедничка иднина“ од „Еразмус +“ програмата, деновиве ја посетија Пречистителната станица за урбани отпадни води. Посетата на Пречистителната станица имаше за цел, преку интерактивни методи, учениците да станат свесни за значењето на водите и да ги проучат методите како да се дојде до чиста животна околина.


За време на посетата, средношколците и нивните наставници имаа можност на непосреден начин, преку презентации од страна на вработените, да се запознаат со улогата и значењето на Пречистителната станица, како и со начинот на нејзиното функционирање.

Пречистителната станица за урбани отпадни води, е најголема и најсовремена станица од овој тип во регионот. Нејзиниот капацитет е проектиран за 100.000 жители и неа ја опслужува стручен тим од технолози, хемиски, машински и електро инженери, лаборанти и други стручни лица.

Пречистителната станица ги пречистува урбаните отпадни води и со тоа придонесува за заштита и унапредување на животната средина, здравјето на луѓето, како и за зачувување на биодиверзитетот и биолошката разновидност во градската река.