Get Adobe Flash player

0800 48 000 Услужен бесплатен телефонски број

JКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги повикува граѓаните на Општина Прилеп да го користат телефонскиот број 080048000. Ви благодариме на соработката! ПРЕБАРАЈ

Popular


Јанески: ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста, Договорот за изградба на пречистителна станица е потпишан во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ

„Во обид да извлече ситни политички поени за партијата која е во фаза на распаѓање, координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и на советничката група на оваа партија, Петар Ристески, ја лаже и манипулира јавноста дека ќе имало наводно зголемување на сметката за вода за 100 отсто. Цената на водата останува иста и таа е пониска од цената која ја препорача Регулаторната комисија. Станува збор за утврдување на висината на надоместокот за пречистување на отпадните води, обврска која произлегува од четирипартитниот Договор за функционирање и одржување на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ)“, изјави на денешната прес конференција директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.  

Јанески потенцираше дека Договорот за изградба на ПСОВ е потпишан во 2008 година, во време кога и централната и локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, тоа јасно е кажано во самиот Договор, на кој стојат потписите на министерот за финансии Трајко Славески, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, како и тогашниот градоначалник на општина Прилеп Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, Методија Томески.

Првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“, напомена дека функционирањето и одржувањето на пречистителната станица, ќе биде со одредување на тарифа за третман на урбаните отпадни води. Од тие причини, изјавата на координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека нивната советничка група се “изборила“ за одложување на неколку точки од вчерашната седница на Совет кои, доколку се изгласале, ќе биле на штета на граѓаните, Јанески ја оцени како “политикантска“, која воопшто не кореспондира со вистината.

„Во четирипартитниот Договор, недвосмислено се дефинирани обврските на ЈКП ‘Водовод и канализација’, по однос на функционирањето и одржувањето на ПСОВ. Имено, во чл.7.2 пишува: ’ВиК’ Прилеп, од сопствени средства, поконкретно преку наплатената тарифа за отпадни води, ќе ги обезбеди неопходните средства потребни за секојдневното функционирање и одржување на ПСОВ“. Политикантски е ем да се фалите со проектот ‘Пречистителна станица’, ем да не ја преземате обврската за утврдување на тарифа за пречистување на урбаните отпадни води“, рече Јанески.

Како потврда на изнесените невистини од страна на координаторот на прилепскиот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, директорот на јавното претпријатие ги посочи решенијата кои ги утврдила Регулаторната комисија и ги доставила до ЈКП „Водовод и канализација“. За разлика од предложените решенија а согласно пропишаните процедури, јавното комунално претпријатие до градоначалникот, а тој до општинскиот Совет, доставило предлог цени за секоја водна услуга поединечно. Предложените цени, како што истакна Јанески, се значително пониски од оние кои ги предложила Регулаторната комисија.

„Согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги, доколку Советот не ја изгласа препорачаната цена од ЈКП ‘Водовод и канализација’, при повторување на постапката тоа ќе го направи Регулаторната комисија за енергетика. Во тој случај, ви тврдам дека цената ќе биде повисока, односно ќе се движи во рамките на просечната и максималната. Ако сакаме навистина да им помогнеме на граѓаните, а во исто време да функционира пречистителната станица изградена со пари од ЕУ, најдобро е советниците и од власта и од опозицијата, да ја усвојат цената предложена од јавното комунално претпријатие“, напомена директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

За да се запрат политичките игри со ова прашање, Јанески повика одржување на јавна дебата со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, на било кој локален или национален медиум.