Get Adobe Flash player

0800 48 000 Услужен бесплатен телефонски број

JКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги повикува граѓаните на Општина Прилеп да го користат телефонскиот број 080048000. Ви благодариме на соработката! ПРЕБАРАЈ

Popular

„Во моментов во сите делови од градот има вода. Можеби некаде се јавува намален притисок, поради тоа што мора да се дистрибуира вода до секое домаќинство. Меѓутоа во овој момент, секое домаќинство има вода. Најмногу проблеми имаме во „К“ зградите во населбата „Точила“, поради што се ставени во употреба пумпните станици, што ги имаме лоцирано на неколку места во овој реон“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“ на денешната прес конференција што се одржа заедно со надлежните од ЈКП „Комуналец“ и Општина Прилеп,задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата во општината.

Повеќе...

Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп, денеска се интензивно ангажирани на терен, поради честите дефекти предизвикани од ниските температури. Од друга страна краткотрајниот недостигот од вода е решен со ставање во функција на дел од бунарите, од каде што се обезбедени дополнителни 65 литри во секунда.

„Со овие количества и количествата што ги добиваме од РЈП ‘Студенчица’, за Прилеп на располагање се околу 300 литри во секунда. Водена криза нема, граѓаните не треба да стравуваат. Недостигот денеска се појави и поради намалената издашност од Студенчица, што пак се должи на ектремно ниските температури, смрзнатата снежна покривка на изворот“, вели Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп.

Од РЈП „Студенчица“ истакнуваат дека попландево за Прилеп се обезбедени дополнителни количества вода, на сметка на Кичево, Осломеј и Норово.

„За Прилеп дистрибуиравме околу 150 литри изутринава, но со оглед на состојбите и недостигот веке се пренасочени дополнителни количества. Причина за оваа состојба е фактот што од септември нема врнежи кај изворот. Освен тоа,снежната покривка горе кај изворот е смрзната. Таму дневната температура едвај достигнува до -3 степени,а ноќната паѓа и до – 10 степени“, вели Урим Ахмеди, директор на РЈП „Студенчица“.

Од ЈКП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните да не ги отвораат славините отворени, за да нема губење на потребните количества вода и не прават домашни залихи, бидејќи водена криза нема.

„Викенд е, празници, од друга страна се појавија многу дефекти, а и се намали дарежливоста на изворот. Се ова денеска резултираше со еден краткотраен недостиг од вода, што се почувствува во повисоките зони од градот. Нема потреба од паника, вода има“, категоричен е директорот Јанески.

Известување за заштита на водомерите

 

Почитувани корисници, поради најавата на енормните ниски температури овие денови, ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп апелира водомерите кои се на отворено да ги заштитите со изолација, поради мрзнење на водомерот и избегнување на настанување штета.


Доколку настани евентуална штета Ве известуваме истата да ја пријавите на нашите контакти:

-          Услужен центар за корисницибесплатен телефонски број 0800 48 000

-          Централа: 048/421-775

-           This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  или на нашата ФБ страна.

 

Однапред Ви благодариме за Вашето разбирање и соработка!

 

 

 

Со почит,

ЈКП „Водовод и Канализација“ –Прилеп

srekna nova god

Членовите на Советот на Општина Прилеп денеска продолжија со работа по прекинатата 20-та седница, на чиј дневен ред се најдоа две предлог одлуки: давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за прочистување на отпадни води на ЈКП „Водовод и канализација“ за периодот 2018-2020 година, како и предлог одлуката за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ова јавно претпријатие, за периодот од 01.07.2018 до 30.09.2018 година.

Образложувајќи ја висината на предложената цена за пречистување на отпадните води, Емил Јанески директор на ЈКП „Водовод и канализација“, рече дека таа е за 25-30 отсто пониска од цените предложени од страна на Регулаторната комисија.

„Советот донесе одлука цената на услугата за пречистување на урбаните отпадни води да биде 17.35 денари за метар кубен, иако Регулаторна комисија пред неколку месеци имаше изготвено решение, просечната тарифа за 2019 година да биде 20.66, а за 2020 таа да изнесува 21.45 денари за метар кубен.

Повеќе...

Средношколци од пет држави: Полска, Португалија, Италија, Турција и Македонија, кои се дел од проектот „Нашите води, наша заедничка иднина“ од „Еразмус +“ програмата, деновиве ја посетија Пречистителната станица за урбани отпадни води. Посетата на Пречистителната станица имаше за цел, преку интерактивни методи, учениците да станат свесни за значењето на водите и да ги проучат методите како да се дојде до чиста животна околина.


Повеќе...


Јанески: ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста, Договорот за изградба на пречистителна станица е потпишан во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ

„Во обид да извлече ситни политички поени за партијата која е во фаза на распаѓање, координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и на советничката група на оваа партија, Петар Ристески, ја лаже и манипулира јавноста дека ќе имало наводно зголемување на сметката за вода за 100 отсто. Цената на водата останува иста и таа е пониска од цената која ја препорача Регулаторната комисија. Станува збор за утврдување на висината на надоместокот за пречистување на отпадните води, обврска која произлегува од четирипартитниот Договор за функционирање и одржување на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ)“, изјави на денешната прес конференција директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.  

Јанески потенцираше дека Договорот за изградба на ПСОВ е потпишан во 2008 година, во време кога и централната и локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, тоа јасно е кажано во самиот Договор, на кој стојат потписите на министерот за финансии Трајко Славески, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, како и тогашниот градоначалник на општина Прилеп Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, Методија Томески.

Првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“, напомена дека функционирањето и одржувањето на пречистителната станица, ќе биде со одредување на тарифа за третман на урбаните отпадни води. Од тие причини, изјавата на координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека нивната советничка група се “изборила“ за одложување на неколку точки од вчерашната седница на Совет кои, доколку се изгласале, ќе биле на штета на граѓаните, Јанески ја оцени како “политикантска“, која воопшто не кореспондира со вистината.

„Во четирипартитниот Договор, недвосмислено се дефинирани обврските на ЈКП ‘Водовод и канализација’, по однос на функционирањето и одржувањето на ПСОВ. Имено, во чл.7.2 пишува: ’ВиК’ Прилеп, од сопствени средства, поконкретно преку наплатената тарифа за отпадни води, ќе ги обезбеди неопходните средства потребни за секојдневното функционирање и одржување на ПСОВ“. Политикантски е ем да се фалите со проектот ‘Пречистителна станица’, ем да не ја преземате обврската за утврдување на тарифа за пречистување на урбаните отпадни води“, рече Јанески.

Повеќе...


 Во моментот на преземањето на раководењето на ЈКП „Водовод и канализација“ од страна на актуелното раководство, во ноември 2017 година, јавното претпријатие имало долг од околу 16 милиони денари кон Секторот за води при Министерството за заштита на животната средина, како и неколку милиони денари по фактури, со рок на доспеаност од еден месец.

Ова на денешната прес конференција го истакна директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, давајќи отчет за сработеното во изминатата нецела година. Тој напомена дека јавното претпријатие има изработено проект во вредност од околу 10 милиони денари, со кој конкурира во Министерството за заштита на животната средина. Во очекување дека за скоро време проектот ќе биде одобрен, овие средства јавното претпријатие ќе ги пренасочи за подобрување на водоснабдувањето на ул.„Град Јајце“.

Јанески напомена дека затекнатата состојба на технички план во ЈКП „Водовод и канализација“ била на исклучително ниско ниво, заради што се пристапило кон реализација на проектот за набавка на Географски информатички систем (ГИС) и техничка опрема за детекција на губитоци на вода, како и за детекција на девијација на канализационата мрежа.

Повеќе...

Во Канатларци има непречено водоснабдување, а до март долгорочно ќе се решат децениските „водени“ маки

Со цел да поразговараат со месното население за прашања поврзани со водоснабдувањето на населеното место, екипа на ЈКП „Водовод и канализација“ денеска го посети село Канатларци.

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, истакна дека после доаѓањето на новото раководство на јавното претпријатие, во Канатларци биле санирани повеќе од 30 дефекти, кои што биле причина, со години низ улиците на ова населено место, да истекуваат големи количества вода за пиење. Јанески напомена дека редовно се сервисираат водоводната мрежа и потопната пумпа во бунарот, со цел да се обезбедат потребните количества вода за секое семејство, а се задржа и на проблемот што актуелната локална власт го наследи од претходното раководство.

Повеќе...

ЈКП Водовод и канализација Прилеп ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека поради санирање на дефект ќе има нарушено водоснабдување на ден 29-08-2018 до попладневните часови на следните улици: Тризла, Гостиварска и Дабничка.

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!

Почитувани,     

Најостро ги отфрлам изнесените невистини на вашиот портал „Инфомакс“, за наводната физичка пресметка со лицето Зоран Тодороски, до која според Вашите инсинуации, дошло во мојата канцеларија во ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Бидејќи вашиот напис е тенденциозен и невистинит, без желба да ја дознаете вистината, во кратки црти истата ќе ви ја раскажам.

Лицето Зоран Тодороски, е сопственик на угостителскиот објект „Даблин“, во кој службените лица на ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп пронајдоа нелегален приклучок и кражба на вода. Со преземање на нелегални и криминални дејствија, Тодороски недозволено се приклучил на водоводната мрежа и со тоа, според процените на стручните лица од ЈКП „Водовод и канализација“, неовластено искористил околу 1.000 м3 вода, со што го оштетил буџетот на претпријатието за околу 54.000 денари. Соочен со ваквото сознание и решеноста на јавното претпријатие да го расчисти случајот до крај, Тодороски дојде во мојата канцеларија со намера, упатувајќи вербални навреди кон мене, да предизвика инцидент. Откако тоа не му успеа, ги напушти просториите на ЈКП „Водовод и канализација“.

За откриената кражба, поднесена е пријава до Полициската станица во Прилеп. Очекувам дека надлежните институции, во рамките на нивните надлежности, ќе постапат согласно позитивната законска регулатива.

Повеќе...


ЈКП „Водовод и канализација“ ја продолжува борбата со нелегалните приклучоци и кражбите на вода. После кривичната пријава заДруштвото за трговија и услуги „Маркови кули трејд“, следува нова кривична пријава за кражба на вода, овој пат за угостителскиот објект „Даблин“ 2017 ДПТУ увоз – извоз ДООЕЛ, со локација наул.„Кузман Јосифоски – Питу“ бр.33.Нелегалниот приклучок во овој објект нашите службени лица го детектираа на 16.08.2018година, после што ЈКП „Водовод и канализација“ поднесе соодветна пријава до Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

Повеќе...

 

Подолг временски период, населението кое живее на улиците „Методија Патчев“ и „Борка Талески“ во урбаната заедница „Рид“, особено жителите кои живеат во највисокиот дел на урбаната заедница, се жалеа на проблеми со водоснабдувањето. Од тие причини, првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, денеска се сретна со жителите од овој дел на градот, за да изврши увид во водоснабдувањето после активностите на терен кои јавното претпријатие ги презеде во функција на надминување на проблемот.

Повеќе...

Градоначалникот Илија Јованоски и директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески денеска на терен извршија увид врз градежните активности што се изведуваат на улицата „Кеј 4-ти Јули“. На оваа улица целосно се отстранува стариот и се поставува нов слој на асфалт по целата нејзина должина: од улицата „Васко Карангелески“, до улицата „Јоска Јорданоски“„Денеска сме на улицата ‘Кеј 4-ти Јули’, на која требаше да биде направена рехабилитација со промена на нов асфалт. Кога се започна со работа се воочи дека оваа улица е со многу мала подлога. Затоа екипите почнаа со копање, така што целосно ќе се реновира оваа улица. Во тек е поставување на нова водоводна мрежа. Оваа улица се прави по сите европски стандарди и ги демантирам шпекулациите дека низ оваа улица, ќе се движат тешки товарни возила. Напоменувам дека улицата се прави по сите европски стандарди и во наредните 15 години, нема да има потреба од никаква реконструкција или рехабилитација“, рече градоначалникот Јованоски.

Повеќе...


logo

ЈКП Водовод и канализација Прилеп ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата Кеј 4ти Јули, од денес 09-08-2018 до и сабота 11-08-2018 улицата Беласица ќе биде затворена за движење на сообраќајот.

 

 

 

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!

 

 

Директорот Емил Јанески присуствуваше во Радио Пела во емисијата „Жешко столче“.
Во прилог можи да го проследите разговорот:

Повеќе...

Во насока на утврдување на причините за големите загуби на вода кои во последниот период ги утврдија нашите служби, ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп врши засилени контроли на корисниците на нашите услуги, како на физичките, така и на правните лица. Како резултат на тоа, во средата на 18 јули, во комплексот објекти на Друштвото за трговија и услуги „Маркови кули трејд“, нашите контролори открија 9 диви приклучоци на водоводната мрежа.

 

Според нашата методологија на пресметување на потрошувачката на вода, овој спортско-туристички комплекс во текот на една година трошел околу 6.200 м3 вода, а ЈКП „Водовод и канализација“ му фактурирал околу 750 м3. Преостанатите количини не се фактурирани, што значи дека „Маркови кули трејд“, на годишно ниво, во просек, неовластено користел 5.440 м3 вода. На тој начин, со извршената кражба на вода, за период од 10 години ЈКП „Водовод и канализација“ е оштетен за сума од 44.200 евра.

 

Случајот е пријавен во МВР, при што со наредба од истражен судија, екипи на Полициската станица – Прилеп направија увид и согласно нивните овластувања, понатаму ќе преземат соодветни мерки.

 

Истовремено, ЈКП „Водовод и канализација“ ќе го задолжи „Маркови кули трејд“ да плати 9.000 м3 вода, односно по 1.000 м3 за секој откриен див приклучок, што е во согласност со одлуката на УО на ЈКП „Водовод и канализација“ донесена пред неколку години. Во меѓувреме, сите приклучоци за вода на „Маркови кули трејд“ ќе бидат исклучени, сѐ до оној момент додека со јавното претпријатие не склучи договор за плаќање на овие количини на вода и додека долгот, делумно или во целост, не биде исплатен.  

 

Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста, дека ЈКП „Водовод и канализација“ презема конкретни мерки за намалување на загубите на вода и откривање на нелегалните приклучоци. За таа цел, во најскоро време ќе биде набавена софистицирана опрема за детектирање на “тесните грла“ во водоводната и канализационата мрежа, со која на многу поедноставен и поефикасен начин ќе ја откриваме и кражбата на вода. Дел од таа опрема, таканаречениот ГИС систем кој чини околу 130.000 евра, ќе биде набавена со средства од проектот во кој учествуваме. Другиот дел, скенерот за откривање на нелегалните приклучоци, ќе биде набавен со сопствени средства, во висина од околу 50.000 евра.      

 

Актуелниот менаџерски тим на ЈКП „Водовод и канализација“ својата работа ја врши согласно постојните закони и Статутот на претпријатието и нема да толерира никакви злоупотреби од страна на нашите коминтенти. Од тие причини, упатуваме апел до сите корисници на нашите услуги, за правилно користење на услугите и навремено плаќање на сметките.

 

 

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!

 

JКП Водовод и канализација Прилеп ги повикува граѓаните на Општина Прилеп да го користат услужниот бесплатен телефонски број 080048000.

Ви благодариме на Вашата соработка!

2559_535802199846993_1170687400_nПочитувани корисници,

со цел да ги задоволиме Вашите потреби, а воедно и да оствариме добра и здрава релација „корисник-давател на услуги“, ЈКП Водовод и канализација-Прилеп Ви овозможува и нуди брз контакт, бесплатен телефонски број 080048000, каде ќе можите да пријавите било каков проблем, да добиете потребни податоци за Вашиот преглед на Вашата сметка, да добиете информации за ажурирање и промена на податоците, како и да добиете информации за нов приклучок кон водоводната и канализациона мрежа, да пријавите кражба на вода и слично.

Повеќе...

More Articles...