Get Adobe Flash player

7420-news_image-img_1943-300x225

Eкипите на ЈKП „Водовод и канализација“ со директорот, Емил Јанески ги скенираа состојбите со прилепското село Канатларци. Разговараа со жителите, вршеа увид, со цел да се решат проблемите со недостигот од вода.

„Денеска сме во посета на Канатларци,за да ги слушнеме проблемите на жителите од ова населено место, поврзани со водоснабдувањето. Го разгледавме и барањето на невладината организација „Мултикултурна афирмација на жените и младите во руралните средини, секогаш соживот“ и со градоначалникот Илија Јованоски разговаравме во догледно време жителите на Канатларци да се снабдат со дополнителни количества вода“, најави директорот Јанески.

Тој истакна дека ЈKП „Водовод и канализација“ во контуитет ќе презема мерки за да им го олесни животот на мештаните, до изнаоѓање решение за конечно решавање на проблемот.

„Апелирам жителите да ги заштитат водоводните цевки од мрзнење, а доколку се појават дефекти јавното претпријатије, во рамките на своите надлежности ќе преземе мерки за санација“, изјави директорот Јанески.

Жителите на селото се пожалија на долгогодишните проблеми со водоснабдувањето.