• BANER3
  • BANER2
  • BANER1

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани сограѓани!
 
Поради намалениот доток на вода од регионалниот извор Студенчица кој во моментов изнесува 80 л/с,како јавно претпријатие кое се грижи да ги задоволи потребите на граѓаните, должни сме да ве известиме дека се соочуваме со проблем во водоснабдувањето.savingwaterinthehome

Во моментов,во функција се ставени и бунарите од каде добиваме уште 110 л/с, кои сепак не се доволни да ги задоволат потребите на општина Прилеп.

За целосно задоволување на потребите на нашите сограѓани, потребни се вкупно 350 л/с.

Од овие причини ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп ве моли за рационално користење на водата што подразбира и исклучување на славините во вечерните часови со цел водата да стигне до што поголем број на домаќинства.

Како јавно претпријатие, должност ни е да ве известиме дека поради отежнатото водоснабдување ќе пристапиме кон зонска редукција, и тоа:

-    во претпладневните часови без вода за пиење ќе останат населбите Тризла,Точила и Варош,

-         во попладневните часови, вода за пиење ќе нема во населбата Рид.

 Поради екстремните температури, ЈКП “ВИК”-Прилеп се соочува и со големи проблеми на терен. Мобилизирани се сите екипи, и само во изминативе два дена заменети се 650 водомери.

 Ве информираме дека секоја промена во однос на водоснабдувањето во нашиот град, ќе можите да ја следите на нашата WEB страна.

 Почитувани, се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и соработка од ваша страна.

Искрено ваш, ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп.

 

СЕ ИСЧИСТИ КАНАЛОТ ВО ТРИЗЛА

Исчистени се одводните канали во должина од 250 метри во урбаната заедница Тризла 2 на барање на жителите од ул. “Ердован Шабаноски”. Екипи од ЈКП Водовод и канализација (ВИК) со соодветна механизација пристапија кон чистење на иницијатива на локалната самоуправа. Се вклучи и месното население. Според ВИК, во тек е промената на водоводната мрежа за подобрување на водоснабдувањето во градов. Екипите од ВИК ја реконструираат водоводната мрежа на ул. “Ердован Шабаноски” во должина од 2,5 километри со околу 55 приклучоци. Зафатот изнесува околу три милиони денари на ВИК.

Уништени дупки, победен мрак...

Првите ефекти се веќе видливи од проектот “Пријави проблем”. Од 260 пријави на дупки, замена на ламби или поставување на шахти, интервенирано е и санирани се 181 проблем. Граѓаните масовно се јавуваат на телефонот 048/412-000 или пишуваат порака на адресата: http://prijaviproblem.prilep.gov.mk да им се решат проблемите во нивната блиска околина. Локалните власти информираат дека за два дена асфалтирани се дупки на улиците: “Илка Пресиѓанка”, “Пенка Котеска”, “Цане Коњарец”, “Цена Џинороз”, “Маргара”, “Пчиња”, “Пенко Здравкоски”. Решено е уличиното осветлување на улиците: “Егејска”, “Цане Илиески”, “Савка Манеска”, “Истарска”, “Славеј Планина”, “Маргара”, “Београдска”, “Тетовска”, “Херој Карпош”, “Ѓорѓе Сугарев”, “Кеј 9-ти Септември”, “Цена Џинорозо”, “Блаже Василески”, “11- ти Октомври”, “Круме Волнароски” и многу други. Екипите на ЈП “Водовод и канализација” санирале 61 шахта од 89 пријави.